Дома Фудбал Англија Чудесен натпревар во Чемпионшип се постигнаа – 10 гола!

Чудесен натпревар во Чемпионшип се постигнаа – 10 гола!

Фудбалерите на Астон Вила и Нотингем Форест во вечерта кога Лигата на шампионите беше во центарот на вниманието одиграа натпревар за фудбалските анали.

Споменатите две екипи се сретнаа во рамките од 19-тото коло во второто по ранг натпреварување во Англија и на крајот нивниот натпревар заврши – 5:5!

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во првите 45 минути видовме дури шест погодоци и тоа по три на двете страни. Прво гостите после шест минути игра постигнаа два гола, за домаќините во следните осум минути да стигна до изедначување. Значи за 14 минути видовме – четири погодоци!

До крајот на првото полувреме Кеш ги доведе гостите во водство, но работите на почетокот ги врати Абрахам во 36 минутата.

Тука не беше крајот на возбудувањата бидејќи гостите во седмата минута од второто полувреме постигнаа нов гол за 3:4, за подоцна Вила одново да изедначи на 4:4.

Само четири минути подоцна Астон Вила стигна до нов погодок за 5:4, а на осум минути пред крајот гостите ги поставија конечните 5:5!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Каков срам за Де Брујне при враќањето дома: Дочекан како крал, а потоа се случи Конте!

Кевин Де Брујне само по неколку месеци се врати на Етихад. Легендарниот Белгиец десет годи…