Дома Останати Кошарка Човек со големо срце: Дончиќ ќе ги плати погребите на жртвите во трагедијата во Белград

Човек со големо срце: Дончиќ ќе ги плати погребите на жртвите во трагедијата во Белград

Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека освен што фантастичен кошаркар е и голем човек.

Ѕвездата на Далас по пораката во која истакна голема жалост за трагедијата во Белград во која загинаа осум ученици и чуварот на училиштето потврди и дека ќе ги плати трошоците за погребите на сите жртви.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Освен тоа Дончиќ ќе го плати и лекувањето на сите повредени и се останато околу тој настан.

„Поради трагедијата и сите изгубени детски невини животи моето срце е скршено! Моите мисли се семејствата на жртвите и целата нација.

Мојата фондација пружа поддршка на сите семејства, ученици и наставници од основното училиште „Владислав Рибникар““, oбјави словенечкиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина …