Репрезентацијата на Русија одигра пријателски натпревар против Киригистан, а следниот натпревар треба да го игра против Босна во Санк Петерзбург.
Одлуката на Босна да игра против Русија во овој момент донесе многу реакции, дел од фудбалерите меѓу кои се Миралем Пјаниќ и Един Џеко јавно се изјаснија дека не сакаат да играат против Русија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Русија ќе потсетиме е исфрлена од сите натпреварувања поради агресијата во Украина. Меѓутоа според последните информации овој натпревар можеби и нема да се одигра и тоа не по вина на Босна.
Рускиот новинар Максим Аланзаров најави дека поради воената мобилизација која е актуелна во оваа земја покана добиле и фудбалерите, па дел од нив може да бидат повикани во руската армија.
Покани за придружување на руската армија добиле секретарот на Руската фудбалска федерација, физиотерапевтот и лицата задолжени за организација на натпреварите.