Дома Фудбал Останато Чеферин јасен: Во Европа ќе играат само европски клубови, парите на Саудиска Арабија не се закана

Чеферин јасен: Во Европа ќе играат само европски клубови, парите на Саудиска Арабија не се закана

Првиот човек на УЕФА јавно и гласно порача дека клубовите од Саудиска Арабија нема да играат во европските фудбалски натпреварувања.

Претходно се појавија шпекулации во јавноста дека УЕФА размислува да дозволи шампионот на Саудиска Арабија да игра во Лигата на шампионите, сепак Чеферин сега беше јасен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во европските натпреварувања играат и понатаму ќе играат само клубови во Европа, тоа нема да се промени. Според мене парите од Саудиска Арабија не се закана за европскиот фудбал. Слични примери имавме и порано. Фудбалерите заминуваа во Кина за големи понуди, но кинескиот фудбал не напредуваше, тоа не е вистински и правилен пристап.

Колку што знам јас Мбапе и Халанд не сонуваат за Саудиска Арабија. Ќе повторам не сметам дека Саудиска Арабија го загрозува квалитетот на нашите натпреварувања“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона активира трансфер кој се чека со години!?

Бернардо Силва и Барселона? Изгледа дека Португалецот конечно ја дочека својата шанса да г…