Дома Фудбал Останато Чеферин слатко се смее: Ќе имаат одлично натпреварување со два клуба

Чеферин слатко се смее: Ќе имаат одлично натпреварување со два клуба

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се огласи по повод одлуката на Европскиот суд за правда за формирање на Суперлигата. Судот во Луксембург им забрани на ФИФА и УЕФА да им даваат било какви санкции на клубовите кои би учествувале (ТУКА).

Меѓутоа и во таква ситуација работата за Флорентино Перез и неговите соработници не оди лесно бидејќи европските клубови и без притисок од некакви казни почнаа да ја одбиваат идејата (ТУКА).


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин е сигурен дека промени помеѓу клубовите нема да има.

„Можат да прават што сакаат. Се надевам дека ќе имаат одлично натпреварување со два клуба. Се смеам…Овој систем кој го претставија денес е дури и поблизок од оној кој беше презентиран во 021 година кога беше отфрлен од сите во фудбалот“, изјави Чеферин.

Чеферин додава и дека одлуката на Судот за правда не значи дека сигурно натпреварувањето може да се формира.

„Одлуката ја гледаме како можност да ги подобриме правилата. Фудбалот останува обединет и сите страни се заинтересирани да зборуваат заеднички јазик. Постои силен контраст помеѓу соопштението на Европскиот суд и самата пресуда. Пресудата е навистина позитивна“, додаде Чеферин.

Имаше и порака за шпанските гиганти.

„Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават. Фудбалот не е продажба“, истакна претседателот на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…