По повод одлуката за формирање на новата Суперлига во која учеството го потврдија 12 клубови се огласи првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.
Чеферин го потврди она што се најавуваше и порача дека на играчите кои ќе настапат во Суперлигата ќе им биде забрането да играат за репрезентациите на Европско или Светско првенствои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на УЕФА отворено го нападна и претседателот на Јувентус Андреа Ањели кој беше негов близок соработник, а сега ќе биде потпретседател во Суперлигата и десна рака на Флорентино Перез.
„Ќе започнам со Ед Вудворд од Манчестер Јунајтед. Разговаравме во четвртокот и ми кажа дека е задоволен од најавените реформи во Лигата на шампионите. Меѓутоа најголемото разочарување за мене е претседателот на Јувентус Андера Ањели. Не сум видел човек што лаже толу многу. Тоа е нешто неверојатно“, критикуваше Чеферин.
Учеството во Суперлигата досега го потврдија: Интер, Милан, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.