Претседателот на европската фудбалска организација, Александар Чеферин нема да се кандидира за нов мандат на чело на европската куќа на фудбалот (ТУКА) и тоа дефинитивно е главна вест од денешниот Конгрес на УЕФА каде што се зборуваше и на други теми.
Во своето обраќање Чеферин не пропушти да испрати порака и до клубовите кои се уште се „загреани“ за основање на Суперлигата и не се откажуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Силата на европскиот фудбал лежи во тоа чувство на припадност. Можности да направите нешто и да успеете во нешто преку градење на заеднички вредности. Од Португалија до Казахстан, од Кипар до Фарските Острови, од Финска до Италија, нема големи и мали. Поради нашиот систем, важни се победите на теренот, а не надвор од него. На прсти може да се избројат терените на кои Европа е лидер, а една од тие работи е фудбалот. И ние треба да бидеме горди на тоа. Во овој момент некои луѓе се обидуваат да уништат 70 години историја
Тие глумат жртви иако не се ништо друго освен предатори. Го мешаат монополот со единството. И тие зборуваат многу за слободниот пазар, но не знаат ништо за слободата на говорот. Историјата на европската соработка е изразена во некои симболи кои се едноставно недопирливи“, изјави Чеферин,
Актуелниот мандат на Чеферин истекува во 2027 година и според статутот кој е актуелен во овој момент тој не би можел повторно да се кандидира затоа што сегашните правила на УЕФА не дозволуваат еден човек да биде на власт повеќе од 12 години. На челот на УЕФА, Чеферин дојде на местото на Мишел Платини.