Ракометарите на Металург, во недела, ќе го одиграат својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, кога на домашен терен ќе го пречекаат Чеховски Медведи.
Металург во претходните девет кола, има забележано четири победи и доколку в недела слави над рускиот тим, под претпоставка дека Монпелје ќе слави над Елверум ќе заврши на третото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога игравме во Русија имавме огромни проблеми во првото полувреме, губевме убедливо. Чеховски Медведи е незгоден тим, составен од искусни и талентирани млади ракометари. Играат брз ракомет, но и варираат во формата, имаа победа во гости над ла Риоха, а потоа три порази во низа. Во секој случај не ни „чежат“, високи се, а имаат добра полуконтра. Најчесто играат 5-1 зона, но добро ја играта и основната зона 6-0. Ние ќе пружиме максимум и се надевам дека со помош на публиката сезоната во Лигата на шампионите ќе ја завршиме со победа“, изјави Лино Червар.