Денес на Светското првенство Данска и Германија не очекува најважниот натпревар досега на Светското првенство.
Хрватска е фаворит, но и Македонија сигурно дека има на што да се надева кога во составот има ракометари како Кире Лазров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков…
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во Хрватска добро се запознаени со квалитетите на нашата селекција и од најавите на хрватските спортски медиуми може да се заклучи дека тие во натпреварот влегуваат со голема претпазливост и респект кон нас.
Нивниот селектор, Лино Червар осум години работеше во нашата земја и тој секако знае дека нема да им биде лесно.
Червар пред овој натпревар имаше и големи пофалби за нашаиот капитен за кого истакна дека е најдобриот ракометар кој го тренирал во својата кариера.
„Вообичаено не издвојувам поединци, но со Кире Лазаров ќе направам исклучок. Тој е најголемиот ракометар кого сум го тренирал“, изјави Червар.
И Кире имаше пофални зборови за Лино – тука.