Дома Фудбал Англија Челси и Лампард спремаат револуција вредна 200 милиони евра

Челси и Лампард спремаат револуција вредна 200 милиони евра

Френк Лампард доби на располагање 200 милиони фунти за засилувања, а Дејли мејл тврди дека младиот стручњак овие средства ќе ги потроши на тројца фудбалери од Серија А.

Играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ е еден од фудбалерите кои Лампард сака да ги види во својот тим, а покрај него сака да донесе голман и напаѓач.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И за тие позиции Челси ќе купува од Серија А. Сините ќе се обидат да го донесат Лаутаро Мартинез од Интер и голманот на Милан, Донарума, а за тоа менаџерот има на располагање 200 милиони фунти.

Се верува дека меѓу Челси и Јуве може да дојде до размена, односно Пјаниќ и Жоргињо да ги разменат дресовите, но ангажманот на Мартинез и Донарума со сигурност ќе биде голем предизвик.

Сепак, не е невозможно Челси на крајот да успее во својата намера, а ако се случи тоа, екипата од Стемфорд Бриџ со овие играчи со сигурност ќе биде кандидат за висок пласман следната сезона.

Дополнителни средства за трансфери Лампард ќе добие и од продажбата на некои фудбалери, а на излезната врата се наоѓаат голамнот Кепа, Маркос Алонсо и Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…