Дома Фудбал Англија Челзи – Тотенхем: „Петлите“ се распеани, ако Челзи не се радбуди веднаш, после ќе биде предоцна

Челзи – Тотенхем: „Петлите“ се распеани, ако Челзи не се радбуди веднаш, после ќе биде предоцна

Челзи – Тотенхем, е дербито на колото во англиската Премиер Лига. Големо гратско дерби, битка за Лондон, но и битка за што повисок пласман. Тешко е да се каже кој е фаворит на овој меч, но едно е јасно, ќе следиме интересен и неизвесен меч.

Кепа продолжува или Сари ќе започне со нов голман

Се разбира, главната приказна пред овој меч е како ќе реагира Маурицио Сари, откако Кепа Аризабалага на бизарен начин не прифати замена кон крајот на финалето на Карабао купот во неделата. Иако Сари и Кепа првично рекоа дека тоа е само недоразбирање, шпанецот е казнет со една недела плата од Челзи. Тоа покажува дека клубот верува дека тоа е нешто посериозно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кепа ги започна сите натпревари во Премиер Лигата оваа сезона. Кабалеро е резерва на која не се сметаше до сега, но по тој инцидент веднаш почна да се споменува неговото име низ фудбалски кулоари.

Се чини дека е поверојатно Кепа да започне и на овој меч. Сари сигурно ќе сака да избегне дополнителни шпекулации околу целата ситуација.

Не очекувајте изненадувања од Сари

Друго прашање е како Челзи всушност ќе игра на овој меч. Откако се обидуваа да ги спроведат инструкциите на Сари со многу тешкотии во последниве неколку недели, за време на викендот против Сити тие беа одлични.

Општо познато е дека тимовите на Сари многу полесно играат дома. На овој меч Сари ќе се обиде да ја преслика играта од Купот против Сити, кога Челзи не изгледаше лошо. Тие им ја препуштија топката на фудбалерите на Сити, но беа добро затворени на сите позиции и тешко се стигнуваше до нивниот гол.

Во однос на поставата, не очекувајте премногу изненадувања од Сари. Емерсон веројатно ќе продолжи на левата страна заедно со Луиз, Рудигер и Аспиликуета во одбраната.

Во средината на теренот, Жоргињо одигра лош меч против Деле Али предходниот натпревар но тешко дека Сари ќе стартува без него. Најсигурен во средината е Н’Голо Канте, додека Рос Баркли беше многу тивок против Сити и е под знак прашалник. Рубен Лофтус и Матео Ковачиќ се надеваат дека ќе започнат на негово место.

Единствена сигурна замена во однос на натпреварот против Сити ќе биде враќањето во првиот тим на Игуаин. Покрај него во нападот ќе стартуваат Хазард и Педро Родригез, што значи дека Вилиан ќе започне од клупата.

Хари Кејн

Покетино со проблем на десната бековска позиција

Тотенхем во мечот влегува по неочекуваниот пораз од слабиот Барнли минатиот викенд со 2:1. Покетино смени формација и згреши. Тотенхем играше во неколку системи сезонава. Но по победата над Дортмунд со 3:0 при формација со тројца во одбрана, истата формација се покажа како лоша против Барнли. Сега е прашање дали Тотенхем повторно ќе игра со тројца или пак со четворица во одбраната. на Покетино е клучен предмет тука. Хуан Фојт одигра променливо против Барнли, но тој дефинитивно е слабо физички пдготвен. Ако повторно Покетино се реши за три бека, Санчез има поголема веројатност да игра заедно со Вертонген и Алдервеирд.

Вистинската загриженост за Тотенхем е на десната страна. Киеран Трипиер и Серж Ауриер не изгледат солидно во последно време и имаат слаби натпревари. А еден од нив ќе треба да игра против Хазард на овој меч. Трипиер се чини дека е подобар избор, но Алдервеирд ќе мора да го покрие просторот што тој ќе го остава поради офанзивниот пристап од негова страна.

Ериксен против Жоржињо

Хари Винкс и Муса Сисоко станаа фаворизирана комбинација во центарот на средниот ред, додека Кристијан Ериксен ќе ја одигра улогата на бројот 10. Од него ќе биде барано да го влече Жоржињо кон себе како би оставил простор и за другите, иако на Ериксен му недостасува динамиката на Деле Али кој сеуште е повреден.

Хари Кејн и Сон како по традиција играат добро против Челзи, но сега со Емерсон кој игра повнимателно од Алонсо би требало да имаат помалку простор пред голот на противникот.

Голем плус за Тотенхем на овој меч е тоа што тие имаа еден ден повеќе за одмор од Челзи, а освен тоа Челзи играше 120 минути против Сити и би требало да игра со тешки нозе на овој меч. Тоа добро го знае Покетино и би требало да знае како да го искористи во своја полза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …