Томас Тухел веднаш откако дојде на кормилото на Челзи бележи добри резултати, ја освои Лигата на шампиони, но спрема голема реконструкција на тимот за следната сезона.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тухел донел одлука да направи големи промени и им ја отворил излезната врата на Рудигер, Абрахам, Емерсон Палмери, Хаким Зијех, Жиру и Кепа Аризабелага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема да има место во тимот и за фудбалерите кои ќе се вратат од позајмица како Бакајоко, Баркли и Лофтус-Чик, а познато е дека Томори ќе биде откупен од страна на Милан.
Наводно од продажбата на овие фудбалери Челзи се надева дека ќе инкасира 200 милиони фунти, а главна цел е Ерлинг Халанд.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да понуди 180 милиони фунти за неговиот потпис и да ги собори сите трансфер рекорди во Премиер лигата.