Дома Фудбал Англија Челзи отвори конкурс за нов напаѓач

Челзи отвори конкурс за нов напаѓач

Челзи оваа сезона нема преголеми проблеми со ефикасноста, но „Сините“ сигурно не би имале ништо против доколку и напаѓачите почнат да постигнуваат голови.

Номинално прв напаѓач на екипата е Алваро Мората кој не воодушевува од неговите партии, во Премиер лигата постигна пет гола што е премалку за играч кој е платен 66 милиони евра. Сари нема премногу доверба во Оливие Жиру, па се повеќе Еден Азар се појавува во шпицот на нападот како некој вид на „лажна деветка“, но тоа изгледа како принудно решение.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роман Абрамовиќ подготви пари за ново засилување во нападот, се споменуваше и новиот репрезентативец на Англија, а од Апенините пристигнуваат информации дека нов играч на лондонски клуб би можел да биде Гонзало Игуаин. Тој официјално е на позајмица во Милан, но сосема јасно е дека „Росонерите“ ќе го октупат, што би можело да оди во корист на Челзи и да ја искористи приликата да преговара со миланскиот клуб околу Фабрегас.

Се разбира тешко е да се очекува дека Аргентинецот би можел да биде вклучен во тој договр, но на нас останува да чекаме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…