Челзи е во потрага по квалитетен играч за врска, кој ќе биде замена за Фабрегас, а првата цел на „сините“ е аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес.
Зенит ја одби првата понуда од Челзи „тешка“ 35 милиони евра, но „сините“ не се отлаживаат и денес испратија нова понуда од 40 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Паредес сака да си замине од Русија и веќе го известил раководството дека сака трансфер во Премиер лигата. 24-годишниот Аргентинец веќе ги договори личните услови со клубот од Лондон.
Англиските медиуми се оптимисти дека трансферот може да се реализира во следните денови или до крајот на зимскиот преоден рок.
Паредес пристигна во Зенит од Рома за 23 милиони евра во 2017 година, а тренерот Маурицио Сари одлично ги познава неговите квалитети.