Се погласни се шпекулациите дека Тубо Куртоа ова лето ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Реал Мадрид, па „сините“ веќе ја почнаа потрагата по негов заменик.
Медиумите на Островот се сигурни дека примарна цел на Челзи за заменик на Куртоа е Џордан Пикфорд од Евертон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куртоа одби да го продолжи договорот, па Челзи ќе ниде приморан да го продаде ова лето, а наводно Белгиецот веќе има договор со „кралевите“.
SKY SOURCES: Jordan Pickford is @ChelseaFC's primary target if Thibaut Courtois leaves this summer. #SSN pic.twitter.com/d7qlzHxmdH
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 27, 2018
Пикфорд имаше извонредни партии на Светското првенство за англиската репрезентација. 24-годишниот голман минатото лето пристигна во Евертон од Сандерленд за 25 милиони фунти, па „карамелите“ нема ни да разгледуваат понуда помали од 50 милиони фунти.