Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.
Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.
Втората доаѓа од Атлетико Мадрид. Симеоне е во потрага по квалитетен напаѓач и верува дека Белоти би бил идеална опција. Додека третата понуда е од Премиер лигата, од тимот на Челзи.
Неговата цена во моментов изнесува 35-40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.
📰 Repubblica: #ACMilan, Chelsea and Atletico Madrid all want Torino star with €35-40m valuationhttps://t.co/lDZnRTQG0o #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 14, 2021