Даниел Малдини дебитираше за репрезентацијата на Италија.
Италијанската фудбалска репрезентација синоќа во Удине го совлада израелскиот тим (4:1) во четвртото коло од групата А2 на Лигата на нации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но победата на „Аѕурите“ не е тема број еден на Апенините, туку интересниот податок што семејството Малдини го даде третиот претставник на Италија. За националниот тим дебитираше Даниел Малдини, чиј дедо е Чезаре Малдини и татко Паоло.
Синот на Паоло Малдини во игра влезе во 73. минута наместо Распадори при резултат 3:1. Неговиот татко сето тоа го гледаше од трибините.
Ова е прв пат во историјата дедо, татко и син да играат за италијанската репрезентација. Чезаре одигра 14 натпревари за „Аѕурите“, а Паоло одигра 126. Претходно, Даниел тргна по стапките на својот дедо и татко, забележувајќи 24 настапи за Милан, каде што порасна.