Бурни реакции во македонската спортска јавност предизвика вчерашниот случај на натпреварот помеѓу Чаир и МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје ја информираше јавноста дека натпреварот во салата „Шабан Трстена“ беше прекинат поради напад од неофицијални лица на тренерот и играчите на МЗТ Скопје. Наспроти тоа, Чаир сега тврди дека немало инцидент. Нагласувајќи дека атосферата била одлична.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Чаир:
„Одличен натпревар со одлична атмосфера, полна сала и вечер која долго ќе остане во нашето сеќавање бидејќи се потврди дека Чаир е храм на спортот. Кога во прашање се лажните информации кои се појавија во јавноста целосно демантираме. Натпреварот се снима од сите агли и од многу медиуми. Таканаречениот „инцидент“ е измислен е од противничкиот тим во моментите кога губат, тие објавија нереални работи. Гарантираме дека немаше физички контакт во ниту еден момент“, објави Чаир.