Искусниот дефанзивец Жерар Пике оди во пензија во сабота, откако ќе го одигра последниот натпревар за Барселона на „Камп Ноу“.
Пике вчера на неговиот профил објави дека се повлекува од фудбалскиот терен, а не ја наведе причината, иако се шпекулира дека големиот број проблеми и притисок во последно време влијаеле врз поранешниот шпански репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ објави дека тренерот Чави Ернандез не чекал долго и веднаш пронашол замена за искусниот фудбалер, а изборот паднал на 31-годишниот Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад.
Мартинез досега настапи на 350 натпревари во Ла Лига и постиган 21 гол, па во јануари се очекува да го облече дресот на Барселона.