Дома Фудбал Останато Чави се огласи откако медиумите веќе го прогласија за нов тренер на Барселона

Чави се огласи откако медиумите веќе го прогласија за нов тренер на Барселона

Роналд Куман вчера по поразот од Рајо Ваљекано доби отказ во Барселона, нешто што навивачите го посакуваа уште неколку кола претходно.

Веднаш како главен фаворит за негов наследник се истакна легендата на Барселона, Чави Хернандез. Чави одлично работи во Ал-Сад, а медиумите објавија дека сега никогаш не бил поблиску да се врати во клубот каде што остави голема трага како играч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


И претходно кога Барселона беше во потрага по нов стратег Чави беше еден од главните кандидати, меѓутоа тој јавно секогаш зборуваше дека има време и дека му е рано да се врати во Барселона. Овој пат, кога сега доби прашање од новинарите неговата изјава не е баш дека демантира.

„Моја работа во овој момент е да бидам фокусиран на работата во Ал-Сад. Нема да зборувам за друго ништо“, гласеше краткиот одговор на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалците емотивно се простија од Жота: Загубивме двајца шампиони!

Вистински шок во фудбалскиот свет пристигна утрово со смртта на Португалецот, Диого Жота к…