Тренерот на Барселона, Чави истакна дека сакал клубот ова лето да донесе уште еден или двајца фудбалери.
Барселона ова лето потроши над 150 милиони евра и донесе неколку врвни засилувања како Левандовски, Кунде, Кристенсен, Кеси, Рафиња, а во последниот ден потпиша и со два бека, Белерин и Маркос Алонсо.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сепак, Чави смета дека му недостасуваат еден или двајца фудбалери во тимот.
„Летниот трансфер период го оценувам на границата меѓу најдоброто што може да го добиете и средно добро. Ни недостасуваат уште еден или двајца играчи, но и покрај тоа, многу сум задоволен и благодарен сум на клубот за напорите кои ги направи“, изјави Чави.