Tренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на вчерашната прес-конференција потврди дека Лионел Меси дефинитивно наредната сезона нема да игра за Пари Сен Жермен.
Засега не е познато каде Меси ќе ја продолжи кариерата, а како најголеми фаворити за неговиот потпис се Барселона и Ал Хилал од Саудиска Арабија. Кога е Барселона во прашање не е јасно дали Каталоците ги имаат решеное сите финансиски проблеми за да можат да го регистрираат Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стратегот на Барселона разговараше со новинарите на „Мундо Депортиво“ и една од темите на разговорот секако беше потенцијалното враќање на Меси.
„Лео ќе донесе одлука наредната недела и сите мораме да го оставиме да нема никаков притисок. Ако ние зборуваме за него секој ден, тоа нема да ни помогне. Постојат најави каде може да оди, а тој ќе одлучи наредната недела. Сите знаат дека за него вратата на Барселона е отворена и тука нема дебата. Ако дојде до тоа јас да се прашувам секако дека сакам да се врати“:
Ниту Чави знае и не може да каже дали Барселона финансиски е способна да го доведе.
„Лео ја има мојата поддршка 100%, меѓутоа за договорот и деталите околу таа ситуација не можам да кажам ништо затоа што не се моја надлежност“, изјави Чави.