Роналд Араухо доживеа страшна повреда после сударот со глава со неговиот соиграч Гави во натпреварот против Селта.
После натпреварот ситуацијата со Араухо ја коментираше и тренерот Чави Ернандез кој призна дека во прв момент многу се исплашиле за уругвајскиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бевме навистина исплашени на почетокот, докторот ни откри дека е свесен и дека добар. Ноќта превентивно мораше да ја помине во болница. Помисливме дека може да се слчи нешто полошо. Сега е добро и надвор од опасност, набрзо ќе биде и дома“, изјави Чави на прес-конференцијата после натпреварот.
Барселона на крајот тој натпревар со Селта го доби со резултат 3:1.