Стратегот на Барселона, Чави Ернандез е разочаран од поразот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите и истакна дека неговиот тим заслужил повеќе.
За Барселона ова беше петти натпревар во кој е поразена од Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова беше ноќ за победа, се чувствувам разочарано, но горд сум на тимот. На крајот се е до победата, мораме да бидеме подобри во клучните моменти, реализацијата мора да биде на повисоко ниво. Примавме голови кога имавме контрола на натпреварот“, изјави Чави.
Посебно прашање од новинарите Чави доби за Роберт Левандовски кој пропушти неколку добри прилики.
„Левандовски немаше свој ден. Емоциите го совладаа и не беше ладен во завршниците како обично“, смета стратегот на Барселона.
Барселона сега на второто место во групата има ист број со бодови со Интер, против кого ќе игра во следното коло.