Дома Топ вести Чави за натпреварот против Атлетико повика 15-годишно дете!

Чави за натпреварот против Атлетико повика 15-годишно дете!

Барселона утре го игра дербито против Атлетико Мадрид во шпанската Примера, а за овој натпревар тренерот Чави Ернандез го повика 15-годишниот Ламин Јамал.

Шпанецот со овој повик од Чави стана најмладиот фудбалер кој се нашол во протоколот за еден натпревар на Каталонците. Јамал е производ на школата на Барселона и Чави веќе најавуваше дека е фудбалер кој може да има блескава иднина, но и да биде предводник на една нова генерација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Секој што е на списокот може да настапи, сите имаат шанса. Мило ми е што Јамал ќе биде со нас, тој е огромен талент и полн со самодоверба. Имаме играч што може да обележи цела ера во клубот и нормално е полека да почне да добива шанса во сениорскиот тим“, изјави Чави пред натпреварот со Атлетико.

Во случај да настапи против Атлетико, Јамал ќе стане најмладиот фудбалер кој заиграл за Барселона. Рекордот го држи Аррманд Мартинез Саги кој во 1922 година заигра за Барселона на 15 години, 11 месеци и пет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Први се фаворити за Лигата на шампиони, иако никогаш не ја освоиле

Компанијата Опта, која се занимава со статистика, ги објави своите проекции за Лигата на ш…