Дома Фудбал Останато Чаби Алонсо се договорил, го добива првиот голем предизвик во тренерската кариера

Чаби Алонсо се договорил, го добива првиот голем предизвик во тренерската кариера

Шпанецот Чаби Алонсо ја заврши кариерата во 2017 година во Баерн Минхен, а потоа почна да оди на курсеви за тренер кои успешно ги заврши.

Прво работеше во младинските категории на Реал Мадрид, а од 2019 година го води вториот тим на Реал Сосиедад. Според последните информации изгледа дојде време Алонсо да го има првиот поголем предизвик во кариерата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Познатиот италијанси новинар, Фабрицио Романо објави дека Алонсо постигнал договор да седне на тренерското столче на Борусија Менхегладбах.

„Алонсо ќе биде новиот тренер на Борусија Менхелгладбах, договорот е постигнат. Во клубот ќе пристигне во јуни ќе го завземе местото на Марко Росе“, објави Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди добива нов предизвик – му се отвора вратата од Серија А!?

Наполи, според пишувањата на британските медиуми, покажува интерес за изненадувачки потег …