Дома Фудбал Останато Црвена Звезда со навивачи ќе го пречека Милан

Црвена Звезда со навивачи ќе го пречека Милан

Српските медиуми пренесуваат дека Црвена Звезда добила дозвола со присуство на публика да го пречека италијанскиот гигант Милан во Лига Европа.

Српскиот клуб ја чека конечната одлука од Кризниот штаб за официјално во продажба пуштат 17.000 билети за натпреварот, што е 30% од капацитетот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Сопствениците на сезонски билети за тековната сезона ќе имаат приоритет при купувањето билети за натпреварот со Милан. После нив, приоритет при купувањето ќе имаат членовите на клубот“, соопштија од клубот.

Дуелот од 1/16 финалето во Лига Европа помеѓу Црвена Звезда и Милан се игра на на 18 февруари во Белград, а една недела подоцна во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриени детали: Ибра го носи Левандовски во Милан

Се погласни се шпекулациите дека Роберт Левандовски на крајот на сезоната ќе ја напушти Ба…