Дома Фудбал Останато Црвена Звезда му се извини на Ибрахимовиќ: Примитивецот ќе биде пронајден и казнет

Црвена Звезда му се извини на Ибрахимовиќ: Примитивецот ќе биде пронајден и казнет

Вчера во рамките од Лигата на Европа Црвена Звезда и Милан одиграа 2:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето.

После натпреварот во центарот на вниманието се најде Златан Ибрахимовиќ кој добиваше жестоки навреди од трибините, иако навивачи не смееше да има според протоколите на УЕФА.
Црвена Звезда денес се огласи и го осуди таквото однесување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Најостро ги осудуваме навредите кон Ибрахимовиќ на вчерашниот натпревар. Ние како клубот правевме се за натпреварот да биде на највисоко ниво и нема да дозволиме еден примитивен човек да фрли дамка на нашиот пречек. Во соработка со надлежните органи ќе го пронајдеме поединецот и тој ќе биде казнет.

Црвена Звезда му се извинува на Ибрахимовиќ за непријатностите кои ги доживеа на нашиот стадион“, стои во клупското соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Ни доаѓа „Фудбал Менаџер 26“: Познат датумот на издавање и промените

Датумот на издавање на играта Football Manager 2026 конечно е потврден, а популарната сери…