Настапот на Ајакс во Лигата на шампионите каде што ги елиминираше прво Реал Мадрид, а потоа Јувентус е причина за голема еуфорија во Холандија.
Ајакс се избори за полуфинале заедно со Тотенхем тим со кој ќе играат во полуфиналето е најпријатното изненадување оваа сезона. Холанѓаните на млад погон со играчи кои добар дел доаѓаат од нивната младинска школа успеаа да направат огромен успех.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Колку е голем успехот на Ајакс доволно зборува податокот дека за целиот тим со кој стигнаа до оваа фаза потрошија околу 50 милиони евра. Сума која е навистина мала во споредба со денешните цени на фудбалерите на трансфер пазарот.
Холандскиот гигант има поддршка од цела Холандија и сите во нивната земја се горди на успехот кој го направаа, а дека останатите клубови од Ередивизија не им замеруваат покажува последниот потег кој го направија.
Имено, сите екипи од првата лига во Холандија се сложија целото 33-то коло од шампионатот во Холандија да го поместат за на крај од сезоната. Тоа коло требаше да се игра на 28-ми април, но ќе биде поместено за 15-ти мај.
Така Ајакс ќе има можност повеќе одморен да влезе во натпреварот против Тотенхем кој е закажан за на 30-ти април.
Навистина потег за респект на ривалите на Ајакс.