Дома Фудбал Италија Цела Италија тврди едно исто: Алегри заминува од Јувентус!

Цела Италија тврди едно исто: Алегри заминува од Јувентус!

Вчера вечер додека во центарот на вниманието беше лудиот реванш во полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ајакс во Италија голем број медиуми, вклучувајќи ги и најпознатите пренесуваа иста вест – Алегри го напушта Јувентус!

Како што споменавме низ цела Италија се пишува дека Алегри нема да биде тренер на Јувентус наредната сезона, има уште една година од договорот, но наводно тојпобарал да биде ослободен од обврските поради понудата од Пари Сен Жермен кој му нуди 7.5 милиони евра по сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Што се случило?

Според информациите Партичи и Недвед како и поголемиот дел од навивачите ја сметаат сезоната за неуспешна и покрај освојувањето на осмото Скудето во низа, а причина неуспехот во Лигата на шампионите.

Ањели сакал да го задржи Алегри, но изгледа дека Партичи и Недвед го убедиле. Претседателот на Јувентус сакал некој од Зидан и Гвардиола, а бидејќи тие се невозможна мисија се одлучил Алегри да остане.

Првиот човек на Јувентус не гледал кој тренер би можел да биде адекватна замена за Алегри, но соработниците го убедиле дека е време Антонио Конте да се врати на клупата. Конте не се раздели на најдобар начин со Јувентус, имаа индиректни провокации, но не станува збор за нешто ненадминливо.

Конте од Јувентус си замина поради тоа што сметаше дека клубот не му дава доволно финансиска поддршка, а навивачите добро се сеќаваат на неговата изјава кога си заминуваше:

„Не можеш да ручаш со 10 евра во ресторан каде што цената 100 евра“, изјави тогаш Конте.

Сега Јувентус има многу подобар тим и можност повеќе да троши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…