Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни само три натпревари, а до победи стигнаа екипите на Голден Стејт, Хјустон и Кливленд.
Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт на свој терен ја совлада Атланта со резултат 110:103.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Повторно во овој натпревар кај Вориорси го немаше полесно повредениот Стеф Кари, Драјмонд Грин беше суспендиран од страна на тимот поради судирот со Кевин Дурант, но без оглед на сите проблеми Вориорси на крајот стигнаа до 12-тата победа во сезоната.
До истата беа предводени од Кевин Дурант со 29 поени, но со слаб шут од игра (9/23), Клеј Томпсон уфрли 24 поени, а се истакна и Квен Кок со 18 постигнати поени.
Кај Атланта најефикасен беше оваа сезона одличниот Тауран Принс кој натпреварот го заврши со 22 поени.
https://youtu.be/UdhD0braI88
https://youtu.be/vpsaK371oPQ
Дербито на вечерта се одигра во Девнер каде што гостуваше Хјустон Рокетс, на крајот славеа гостите со резултат 99:109.
Тимот од Тексас овој натпревар го одлучи во финишот од третата четвртина. Создадоа двоцифрена предност која не ја исуштија до крајот, па стигнаа до победата.
Кај Хјустон најефикасен беше Клинт Капел со 24 поени и девет скокови, Џејмс Харден уфрли 22 поени и запиша 11 асистенции, додека Крис Пол уфрли 21 поени. Итересено е што Рокетси во овој натпревар користеа само осум кошаркар.
https://youtu.be/jVk9J4vwxpw
Во редовите на Денвер најефикасен беше Монте Морис кој уфрли 19 поени. Никола Јокиќ стигна до дабл-дабл учинок од 14 поени, 12 скокови и седум асистенции.
До втората победа во сезоната Кливленд стигна победувајќи го Шарлот со резултат 113:89. Најрасположен во редовите на Кавси беше Џордан Кларксон со 24 постигнати поени, додека од спротивниот табор Џереми Ламб уфрли 22 поени.