Откако беше поразен во Амстердам со 1:2, Ајакс во реванш натпреварот на Бернабеу го совлада Реал Мадрид со 1:4 и се пласира во четврт финалето во ЛШ.
Така, Ајакс режираше вистинска сензација, а по последниот судиски свиреж, очекувано, следуваше големо славје на гостинските играчи и навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од оние кои најдолго се задржаа на тревникот и ја славеше победата на Ајакс беше искусниот напаѓач Клас-Јан Хунтелар.
Хунтелар не влезе во игра на Бернабеу, но затоа знаеше да ја прослави победата со навивачите.
Велат дека не е убаво да славите голови и победа против поранешен клуб, но Хунтелар очигледно не се држи на тоа.
Инаку, Хунтелар дресот на Реал Мадрид го носеше кратко, една полусезона. За Кралевите одигра 20 натпревари и постигна осум гола пред да премине во редовите на Милан летото 2009 година.
“It’s disrespectful to celebrate against your former club”
Klaas-Jan Huntelaar: pic.twitter.com/BzHlFVC36K
— Football HQ (@FootbaII_HQ) March 8, 2019