Дома Останати Тенис Хуман гест на Хуркач: За секој ас на Вимблдон ќе донира 100 евра за Украина

Хуман гест на Хуркач: За секој ас на Вимблдон ќе донира 100 евра за Украина

Хуберт Хуркач кој е седми носител на АТП листата се одлучи на негов начин да помогне на украинскиот народ кој се соочува со агресијата од руската војска.

Имено, Хуркач одлучи за секој ас кој ќе го сервира на турнирот да донира по 100 евра. Во прашање е еден од најдобрите сервери во овој момент кој во кариерата досега има 452 неодбранети сервиси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Повеќе од него имаат само Џон Иснер и Рајли Опелка. Хуркач очекува во добро светло да се престави на Вимблдон и амбициите му се да стигне што подалеку.

Ќе потсетиме, на овој Вимблдон нема да настапат руски и белоруски тенисери поради забрната на АТП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. грендслем титула“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне…