Дома Останати Хуманоста на прво место – Со донација од  MOZZART до целосно нов лик на Дневниот центар за деца со посебни потреби – Крушево

Хуманоста на прво место – Со донација од  MOZZART до целосно нов лик на Дневниот центар за деца со посебни потреби – Крушево

Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево доби сосема нов лик благодарение на Моzzart.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа донираше средства собрани од акцијата „Повеќе од гол“ во износ од 663.000 денари за подобрување на условите за престој во оваа институција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Старите креветчиња беа заменети со нови, децата добија нови постелнини, ќебиња, играчки и едукативни материјали.

Центарот доби нов тв приемник, лаптоп и се што е потребно за подобро функционирање.

Поставен беше и клима уред, соодветна справа за вежбање, нови завеси и теписони. „ Би сакал да изразам благодарност до компанијата Mozzart, кои за оваа донација ме одбраа токму мене. Благодарност и до целиот тим со кој работевме заедно и донесовме одлука средствата да се насочат во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево. Мислам дека направивме една могу убава и добра работа и помогнавме за подобар престој на децата во центарот“, рече ракометарот Филип Талески, кој со претставници на Моzzart го посети дневниот центар за деца со посебни потреби во родното Крушево.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа, до сега има направено и други големи донации, како што се во Општите болници во Гостивар и Штип, Клиничкиот центар во Скопје, училишта и градинки.

Ваквите и слични хуманитарни донации не завршуваат тука.

Mozzart и натаму продолжува да помага онаму каде тоа е најпотребно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…