Дома Македонски спорт Мак ракомет Филип Талески потпиша за Вардар: Чест е да се игра за овој клуб

Филип Талески потпиша за Вардар: Чест е да се игра за овој клуб

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески е нов член на Вардар откако денес потпиша едногодишен договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот ракометар на Металург ја заврши својата авантура во Германија и реши да потпише едногодишен договор со македонскиот шампион.

Талески е второто официјално засилување за Вардар за новата сезона, по францускиот голман Рибин Кантегрел, а претходно нови договори потпишаа неколку стандардни ракометари.

„По разговорот со претседателот Михајло Михајловски бргу се договоривме за моето доаѓање. Чест е да се игра за Вардар“, изјави Талески за македонските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…