Ќе следиме вистинска ’крвава’ пресметка во четвртфиналето од ОИ во кошарка откако Хрватска во последниот меч во Б групата ја совлада Литванија (90-81).
Со оваа победа, Хрватите го освоија првото место во оваа конкуренција и изборија четвртфинале со големиот ривал Србија. Балканското дерби на ОИ во Рио де Жанеиро ќе се одигра во ноќта помеѓу четврток и петок (3:15 часот).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победникот од овој меч за ривал во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналната пресметка помеѓу Австралија и Литванија (четврток, 16 часот).
Европскиот првак Шпанија и покрај очајниот старт на Олимписките игри успеа да стигне до четвртфиналето. По убедливиот триумф од 50 поени над Литванија, Шпанците рано утрово славеа над Аргентина со резултат 92-73, со што се искачија на второто место во својата група.
во четвртфиналето ќе играат против Франција (четврток, 19:30 часот), а последната четвртфинална двојка ја формираа САД и Аргентина (четврток, 23:45 часот).
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 19.август, а мечевите за медали на програмата се на 21.август.