Во терминот од 16:00 часот денес ја добивме разврската во групата „Ф“ од каде што во осминафиналето продолжуваат Хрватска и Мароко.
Мароко не дозволи изненадување и со уште еден одличен настап си забележа победа против Канада од 2:1 и така ги остави Хрватска и Белгија да решаваат за тоа кој друг ќе оди во следната фаза. Мароко поминува како првопласиран, што не е неважно затоа што ја избегна најверојатно Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска и Мароко одиграа без голови 0:0. Иако не видовме голови сепак ова беше еден возбудлив и интересен натпревар, видовме многу шанси посебно во второто полувреме. Селекторот Мартинез ги остави на клупата Лукаку и Еден Азар. Напаѓачот на Интер влезе веднаш на стартот од вториот дел и се почувствува разлика. Беше опасна Белгија, токму Лукаку погоди една статива и имаше 100% прилика со глава на скоро празен гол. Тие две прилики беа најголемите за Белгија на оваа средба.
ШАНСИТЕ НА ЛУКАКУ…
Lukaku is missing some absolute SITTERS 😭 🇧🇪 #FIFAWorldCup pic.twitter.com/tPP8qQoYzD
— Whistle FC (@WhistleFC) December 1, 2022
LUKAKU MISSES AN UNBELIEVABLE CHANCE!pic.twitter.com/3MSiCNTMrP
— Fast GøaIs (@i6astv) December 1, 2022
Lukaku how do you miss that😭pic.twitter.com/YhffX04GOq
— Viran🇲🇾 (@MadnessFc4) December 1, 2022
Имаше и Хрватска свои моменти, Хрватите напаѓаа на моменти во бранови. Модриќ неколку пати со удари го тестираше својот клупски колега од Реал Мадрид Тибо Куртоа. Не треба да се заборави и ситуацијата од почетните моменти кога Ентони Тејлор досуди прво пенал за Хрватска, но по реакција беше поништена првичната одлука поради милиметарски офсајд.
Мароко во осминафиналето продолжува како првопласиран, додека Хрватска завршува како второпласирана. Белгија и Канада го завршуваат настапот.