Хрватска го освои петтото место на ЕП, кое се одржува токму во нивната земја. Тие попладнево ја совладаа селекцијата на Чешка, со резултат од 28:27

Во текот на целиот натпревар, домашната репреентација имаше предност и на крајот сосема заслужено славеше. Започнаа со предност од 3:1, за противникот да намали на 4:3, но следеше серија за ибраниците на Червар од три последователни голови, од кои два беа дело на Игор Карачиќ, за водство од 7:3. Хрватска во овој дел од мечот имаа позитива од пет до шест голови разлика, играчот на Вардар имаше одлично прво полувреме во кое беше еден од најдобрите стрелци. Првиот дел заврши со голот на Хорват, кој на одмор и овозможува на Хрватска да има предност од 16:10.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По два гола на Чешка на стартот на вториот дел за намалување на негатива, Карачиќ ја прекинува нивната серија за повторно неговата селекција да има пет голови разлика. Домаќинот без проблеми ја одржуваше предноста, а со два последователни голови на крилото Хорват, зголемуваат на 22:16. Избраниците на Јан Филип внесуваат неизвесност, кога на десет минути пред крајот намалуваат на 24:21. На две минути пред крајот, Чешка со два последователни голови намали на само еден гол (27:26). Хорват со својот десетти гол зголемува на 28:26 и не дозволува изненадување. До крајот Чешка постигна гол, но само за конечен резултат од 28:27.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пелистер ја почнува новата европска авантура – прв ривал во ЛШ е Загреб

Пелистер и оваа година ќе биде македонскиот претставник во најелитното ракометно натпревар…