Хрватските медиуми најавуваат дека македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Арјан Адеми би можел да го напушти Динамо и кариерата да ја продолжи во Турција во дресот на турски Фенербахче.
Адеми има договор со Динамо до 2023 година и многу пати ја покажал верноста и љубовта кон „модрите“. Сепак, последната ситуација во која беше жестоко напаѓан од јавноста во Хрватска поради ситуацијата со платите во клубот би можела да биде причина да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Динамо поради целиот хаос кој се случуваше си замина и тренерот Бјелица кој сега е фаворит за клупата на Фенербахче, па Хрватите најавуваат дека Адеми ќе биде негова прва мета.
Засега не се споменува колку би можел да изнесува овој трансфер, а вредноста на Адеми на фудбалскиот пазар во овој момент е 5.5 милиони евра.