Вардар и покрај сите проблеми кои ги имаше надвор од теренот ја освои европската титула.
Сега Хрватските медиуми, поточно „Индекс“ објави краток текст со наслов „Му предвидуваа распад, а Вардар повторно има тим за Лигата на шампионите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар во спектакуларно полуфинале надополни седум разлика против моќната Барселона и се пласираше во финалето каде што играше против Веспрем. После такво полуфинале Унгарците не може да се надеваат ништо, Вардар на крајот стигна до втората европска титула во својата историја.
Тогаш се мислеше дека оваа титула е крај на една неверојатна генерација која ќе си разотиде по богатире клубови. Но, тоа не се случува, а „Индекс“ потенцира дека такво нешто би било еднакво на спортска трагедија.
Заминаа Игор Карачиќ, Мораес и Милосаваљев, но Вардар и понатаму има респектабилен тим. Помеѓу останатите останаа: Чупиќ, Шишкарев, Дибиров, Стоилов, Скубе, Горбок, Дисингер, а пристигнаа Павел Атман, голманот Артурс, пивотот Горпишин, крилото Димитриоски и последниот одличниот бразил левак Толедо.
На крај во текстот се завршува со зборовите – кога се тие во прашање се е можно!
Инаку, денес беше објавено дека Вардар во сабота ќе го има првиот собир за подготовките за новата сезона.