Дома Фудбал Италија Хостесата која му даде „корпа“ на Бенатија откри: Навивам за Јувентус – го објасни и својот потег (Фото)

Хостесата која му даде „корпа“ на Бенатија откри: Навивам за Јувентус – го објасни и својот потег (Фото)

Фудбалерите на Јувентус во саботата ја прославија седмата титула во низа шампион на Италија.

Во последното коло во Серија А, „старата дама“ со 2:1 ја совлада Верона, а после натпреварот вообичаено играчите излегуваа еден по еден на победничкиот подиум.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Кога на ред стигна Мехди Бенатија, репрезентативецот на Мароко посака да се ракува со хостесите кои беа пред победничкиот подиум. Но, двете атрактивни дами останаа мирни и не се ракуваа со Мароканецот, таквата ситуација не помина незабележна од камерите.

Откако прими илјадници пораки, три дена подоцна се огласи и хостесата Светлана Вакулова која го оправда својот потег.

„После повеќе од еден милион прегледи на друштвените мрежи примив многу пораки и коментари поради ситуацијата со Бенатија. Правилата се такви да хостесите не смеат да имаат никаков контакт со учесниците на церемонијата. Значи, немаше ништо лично во тоа што не пружив рака. Навивам за Јувентус и се восхитувам на клубот и им честитам на победата“, порача Вакулова преку социјалната мрежа Инстаграм.

benatia

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко има план за Левандовски во иднина: “Специјален случај”

Деко има многу работа пред себе. Договорите на неколку врвни играчи истекуваат по оваа сез…