Дома Фудбал Останато Холандски репрезентативец обвинет за обид за убиство

Холандски репрезентативец обвинет за обид за убиство

Државното обвинителство на Холандија поднело обвинение против Квинси Промес, кој е осомничен дека на семејна веселба пред нешто повеќе од една година го избодел со нож коленото на својот братучед.

На фудбалерот на Спартак Москва и репрезентацијата на Холандија му се закануваат до три години казна затвор ако се докаже вина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно Промес под дејстов на алкохол нападнал свој роднина затоа што тој наводно на трет член на нивното семејство му украл пари и накит. Роднината тоа го пријавил неколку месеци подоцна, поради што Промес неколку дена мина во притвор.

По излегувањето од притвор, Промес порачал дека невиноста ќе ја докаже на суд, но се уште не се знае кога ќе биде закажано првото рочиште.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…