Тимот на Црвена Звезда вчера елиминирајќи го Салцбург направи историски успех со пласманот во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако после натпреварот сите ги зафати голема еуфорија, така беше и со помошникот тренер Милан Косановиќ, кој малку ја измени познатата изјава на Гери Линкер за Германците.
„Сите водиме сметка за секој детал на теренот, не само јас, а на крајот ваков е резултатот. Кога нас сите не отпишаа на 0:2, ние покажавме дека фудбалот е игра во која на крајот на победуваат Србите“, изјави Косановиќ.
Звезда денес од 18:00 часот на ждрепката во Монако ќе ги добие противниците за фазата по групи.