Дома Фудбал Германија Хејнкес: Нема фаворити, но имам добро претчувство!

Хејнкес: Нема фаворити, но имам добро претчувство!

Утре Баерн Минхен ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, што ќе биде последниот голем меч за 72-годишниот Хејнкес на „Алијанц Арената“.

„Не планирав повеќе да работам, па за мене е привилегија што можам да играм полуфинале и евентуално финале. Среќен сум што воопшто имам шанса да играм против Реал. За секој фудбалер и тренер натпреварите против Реал Мадрид се врвот на кариерата“, смета Хејнкес.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Цел свет ќе го гледа овој дуел, па треба да ги контролираме емоциите, иако тоа нема да биде лесно. И двата тима имаат играчи од светска класа кои се залагаат за напаѓачки фудбал. Во овој дуел нема фаворити, но јас имам добро претчувство“, закучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …