Баерн Минхен во сабота со почеток од 15:30 игра натпревар против тимот на Ајнтрахт, а пред овој натпревар за медиумите зборуваше Јуп Хејнкес.
Сеуште актуелно прашање во Баерн е наследникот на Јуп Хејнкес, во последно време се споменуваат, Јирген Клоп, Томас Тухел, Јоаким Лев, Нико Ковач…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред натпреварот германските новинари ги интересираше што мисли Хејнкес за можноста Нико Ковач да го превзме Баерн идното лето.
„Навистина ли треба секоја недела да коментирам некој кандидат кој би можел да ме замени? Клубот има јасна визија и одлучивме веќе да не посветуваме внимание на таквите коментари. Исто така нема да дозволам да не зафати еуфорија од сите пофалби кои ги добивме после победата против ПСЖ. Сеуште веруваме дека имаме многу аспекти на играта кои можеме да ги поправиме бидејќи сме далеку од исполнување на својот потенцијал“, нагласи Хејнкес.
Искусниот тренер кој во 2013 година ја освои Лигата на шампионите, Бундеслигата и купот откри и кој според него е најголемиот проблем на Баерн.
„Во последните години премногу притисок има на младите фудбалери како Толисо и Коман. Тоа се фудбалери на кои треба да им се даде време. Погледнете ги Лам и Швајнштајгер, па дури и Бекенбауер какви беа во времето кога имаа 21 или 22 години“, заклучи Хејнкес.