Дома Офсајд Хет-трик надвор од теренот: Берахињо доби три деца за два месеци од три различни жени

Хет-трик надвор од теренот: Берахињо доби три деца за два месеци од три различни жени

berahinho

Саидо Берахињо пред неколку години беше еден од најбараните фудбалери во Англија, но неговата кариера преку ноќ доживеа неверојатен пад и скоро и да исчезна од фудбалската сцена.

Напаѓачот на Стоук Сити пред неколку години беше на чекор од трансфер во Ливерпул, а откако тој трансфер пропадна Берахињо – се изгуби. Неоадмна конечно успеа да постигне гол после пост од 913 дена. И понтаму е член на Стоук и се надева дека конечно ќе успее да се врати на славните патеки.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, проблем сигурно дека му прави и неговиот турбулентен приватен живот. Имено, верувале или не тој доби три деца за помалку од два месеци со три различни жени!
Првото дете се роди на 30-ти мај, второто на 15-ти јули, а третото два дена подоцна!

Напаѓачот сега сака да добие старателство над сите три деца, но според информациите на англиските медиуми работите не се одвиваат според неговите очекувања.

Првото дете го доби со неговата поранешна свршеница Стефани Кристофороу. Мајката број два е медицинска сестра која се доселила пред неколку години од Африка, но и пријателска на фудбалерот од детството. Третото дете го добил од девојка со која се забавувал краток период и тоа било девојче кое го носи името Енја Мари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…