Дома Македонски спорт Херојска победа на Македонија, падна Данска во Скопје

Херојска победа на Македонија, падна Данска во Скопје

Македонските одбојкари предводени од домашната публика остварија голема победа над Данска со 3:1.

Мечот започна со голема борба во првиот сет кој сепак им припадна на Данците. Сепак во вторииот сет нашите репрезентативци заиграа посигурно и тоа им донесе израмнување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во третиот сет бевме далеку подобри од противникот, на стартот направивме разлика која ја одржувавме до крајот (25:19)

Во четвртиот беше многу понеизвесно бидејќи Данска дојде до предност но не успеа да го издржи притисокот и Македонија успеа да направи пресврт и да го освои со 25-22 за конечни 3-1.

Македонија во следното коло, веќе во сабота ја пречекува Црна Гора.

Фото: Одбојкарска Федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…