Дома Фудбал Италија Хернандез: Ако се пласираме во ЛШ ќе ја офарбам косата и ќе го истетовирам грбот на Милан

Хернандез: Ако се пласираме во ЛШ ќе ја офарбам косата и ќе го истетовирам грбот на Милан

Во изминатата сезона Тео Хенрнандез беше еден до најдобрите поединци на Милан, а со добрите настапи продолжи и во новата.

Веднаш по доаѓањето од Реал Мадрид бекот покажа дека е еден од најдобрите на својата позиција во Серија А. Сега тој вети дека ако Милан се пласира во Лигата на шампионите ќе ја офарба косата во црвено-црна боја и ќе го истетовира грбот на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се пронајдов самиот себе овде и се чувствувам како дома, моја цел е да останам што подолго тука. Наша главна цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, ако го оствариме тоа ќе ја офарбам косата црвено-црна и ќе го истетовирам грбот на Милан“, вети фудбалерот.

Сепак, задачата на Милан нема да му биде лесна затоа што за првите четири позиции во Италија конкурираат 5-6 тима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Црвена звезда ја очекува пекол ако се пласира во осмина финалето на Лига Европа!

Фудбалерите на Црвена звезда се пласираа во нокаут фазата на Лига Европа. Сепак, за разлик…