Десното крило Хектор Белерин го напушти Арсенал и во последниот ден од преодниот рок премина во редовите на Бетис.
Шпанскиот интернационалец така ќе ги засили „зелено-белите“ и во овој клуб ќе игра како позајмен фудбалер до јуни 2022 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бељерин во Арсенал настапуваше од 2011 година кога пристигна од младинската школа на Барселона, ги помина младинските категории на „топџиите“. Треба да се спомене дека сезоната 2013/2014 ја помина на позајмица во Вотфорд.