Чикаго и Јута се далеку од најдобрите денови во 90-тите години, но ривалството помеѓу нив очигледно се уште е присутно.
На последниот натпревар изминатата вечер одигран во Солт Лејк Сити повторно се случуваа инциденти. На девет секунди пред крајот дојде до мешаница пред клупата на Булс и во неа учествуваа кошаркари на двата тима, па дури и тренерите.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мешаницата започна со вербалниот дуел на Џон Колинс и Тори Крег кои разманија неколку навреди, но тогаш се вклучи помошникот тренер на Чикаго Крис Флеминг. Се обидуваше прво да ја смири ситуацијата, но тогаш беше оттурната од Колинс.
Things get HEATED in the final seconds of Bulls-Jazz 👀
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 7, 2024
John Collins is seen shoving Bulls assistant coach Chris Fleming.pic.twitter.com/vLMizTnsJr